Атанасовски, актер: Кога ќе ја добијат оваа т.н. војна, на лекарите им посакувам пак да се смеат од душа

од Vladimir Zorba

Пред неколку години ме повикаа да настапам во една болница, имаа јубилеј или нешто така и имав „стенд-ап“ настап пред докторите, сестрите, анестезиолозите, уролозите, хирурзите и целиот медицински персонал. Мило ми е од денешен аспект дека тогаш сум успеал бар неколку пати да ги насмеам. Денес тие се борат за нас, изјави во интервју за „Стандард“ актерот Атанас Атанасовски.

Македонската публика, вели Атанас, е желна да се насмее.

-Ако те сака, те сака ако те мрази, те мрази. Бар знаеш на што си.Во ова денешно време да најдеш некој да те насмее е повеќе од доволно за да се преживее“, наведе актерот.

За тоа како му влијае корона-кризата, вели дека целата негативна енергија пробал да ја пренасочи кон креативност.

-Почнав да пишувам сценарио за анимирана серија, ни откри актерот.

Целото интервју на следниот линк!

Слични содржини