Атанасовски: Бугарија поставува нереални барања, кои сега за нив се само оправдување

Во своето гостување на 24 анализа, политичкиот аналитичар, Благојче Атанасовски го оцени како антицивилизиран и негаторски говорот на Бугарија, во однос на европската јавност, пропратено со негирање на македонскиот јазик и идентитет.

„Кога цела Европа не најде логично оправдување на нивните фашизоидни политики кон идентитетот, тие поставуваат нереални барања, кои сега им се само оправдувања. Тој лично сметал дека Бугарија ќе биде промотор на поттикнување на одобрување на грантови и кредити од европската банка со ниски каматни стапки, Бугарија да биде промотор за црпење на европските фондови за изградба на Коридорот 8“, истакна Атанасовски.

Слични содржини