Атиџе од „Медена земја“: Пола за тебе, пола за мене, така треба да функционира светот

од Viktor Jovanov

Пола за тебе пола за мене, така треба да функционира светот. Јас и брат ми имавме многу желба за мед, така одлучивме да одгледуваме пчели. Кога нема никој со кого да разговара, пејам за да ми пројде тагата, вели за ТВ24 главната актерка Атиџе Муратова во филмот номиниран за оскар, Медена земја.

Муратова вели дека цел живот живее во селото Бекирлија, но имало моменти кога сакала да го напушти и да отиде надвор од државата, но тоа никој не го знаел. Таа вели дека во селото одамна нема луѓе и дека сите нејзини пријателки од младоста си заминале.

-Во Бекирлија престана да има луѓе во 1995 година, останаа само неколку деца, останаа само две куќи. Планирав да го напуштам селото, но на никого не кажа. Многу ми беше тешко, плачев. Сакав да си отидам од државата, имам проблеми и со судовите. Цел живот сум во Бекирлија, покрај пчеларството беревме смокви и круши. Си играв со кукли кои сама ги правев. Имав доста другарки од различни вери. вели Муратова.

Атиџе вели дека многу се радувала кога слушнала на радио дека филмот во кој таа глуми е номиран за оскар. Вели не престанале посетите во нејзината скромна куќа во селото Бекирлија.

-Кога слушнав многу се радував дека Медена земја е номиниран за оскар. Откако се случи Медена земја имам многу посети, вели Муратова.

Таа не сака да открие како ќе изгледа на црвениот тепих на оскарите, но кажа дека боите на фустанот ќе бидат исти како боите на пчелите.

Слични содржини