Од денеска Грција започнува со мерките за штедење . Вкупно 6 закони, кои предвидуваат пониски пензии и повисоки даноци, треба да бидат одобрени од пратениците

грк парламент

.Вработените во јавниот сектор, поддржани од организации на работодавачи, подготвуваат 24-часовен митинг во Атина, кој ќе биде  пред парламентот.Од вкупно 149 пратеници од левичарската партија СИРИЗА ,околу 30му  свртија грб на грчкиот премиер Алексис Ципрас поради тоа што попушти пред барањата на доверителите, пишува германското издание “Билд”. Министри, како и пратеници, несогласувањата со реформите, се очекува да поднесат оставки во наредните денови.

  “Ставот на ЕУ на преговорите со Грција не и прави чест на демократска Европа”, објави грчкиот премиер Алексис Ципрас и беше категоричен дека нема да поднесе оставка. “Потпишав, за да се избегне несреќата , договор во кој не верувам, но ја преземам одговорноста за тоа и имам желба да го применувам”, рече уште тој, цитиран од Франс прес.

Слични содржини