Атина појаснува: Влегување во Грција со негативен ПЦР тест само за време на божиќните празници

од Nikola Popovski

Одлуката на Грција сите патници кои сакаат да влезат во таа земја мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, ќе биде привремена и ќе важи само за време на божиќните празници, објаснија денеска претставници на грчката влада.

Од недела, 19 декември, сите патници кои сакаат да влезат во Грција ќе треба да направат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а тестот ќе треба да го направат и оние кои се вакцинирани.

Сојот омикрон на коронавирусот е откриен во 77 земји откако за прв пат беше идентификуван пред три недели, што предизвика загриженост во многу земји дека бројните мутации на сојот ќе му помогнат на вирусот да се шири побрзо.

Слични содржини