Атлетичарка падна на допинг тест во Токио

од Nikola Popovski

Нигерискaта спортистка Блесинг Окагбаре е привремено суспендирана по позитивниот тест за хормон за раст, објави Атлетската единица за интегритет (АИУ).

Таа требаше да настапи во полуфиналето на трката на 100 метри на Олимпијадата во Токио во саботата.

АИУ соопшти дека Окагбаре била позитивна на тестот на 19 јули и дека била известена за тоа дури во петокот, откако веќе настапила на квалификациите на 100 метри.

Единицата за интегритет во атлетика ја извести нигериската спринтерка за привремената суспензија во саботата наутро.

Окагбаре победи во својата квалификациска група на 100 метри со резултат 11,05 секунди.

Слични содржини