Атлетико го намали заостанувањето од Барселона

од Vladimir Zorba

Тимот на Атлетико Мадрид го искористи киксот на Барселона и ја намали предноста на каталонците откако победи со 1:0 против Валенсија во меч од 22-та рунда од Примера.

Победата за „јорганџиите“ ја донесе Анхел Кореја во 59. минута.

Тоа беше трет последователен пораз за тимот на Валенсија, која се оддалечи од врвот.

Барселона води со 58 поени, додека Атлетико сега има 49 и го зазема второто место.

Резултати од Ла Лига:

Хетафе 0 – 0 Леганес
Еспањол 1 – 1 Барселона
Жирона 2 – 0 Атлетик Билбао
Атлетико Мадрид 1 – 0 Валенсија

Слични содржини