Атлетико и Барселона се договорија за Суарез

од Vladimir Zorba

Атлетико и Барселона постигнаа договор – уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе го облече „црвено-белиот“ дрес на мадридскиот тим во следните 48 часа!

Веста најпрво ја објави добро познатата радиостаница „Кадена СЕР“, а информацијата ја проширија и други шпански медиуми, кои забележуваат дека Суарез ќе се пресели во Атлетико како слободен агент.

Сепак, Барса ќе добие пари во форма на проценти договорени од клубовите, додека самиот напаѓач ќе потпише двегодишен договор и ќе заработи девет милиони евра.

Да потсетиме, Суарез веќе беше гледан како нов напаѓач на Јувентус, бидејќи Роналд Куман не го сака на „Ноу Камп“, но трансферот пропадна заради скандал и измама на тестот на италијански јазик.

Слични содржини