Атлетико категоричен: Нема да го земеме Роналдо

од Vladimir Zorba

Атлетико Мадрид нема намера да потпише со Кристијано Роналдо и одлуката на шпанскиот фудбалски гигант е конечна, инсистираше претседателот на клубот, Енрике Серезо при денешната презентација на дефанзивецот Нахуел Молина.

Според него, аргентинскиот интернационалец е „последното парче“ од сложувалката. Тоа значи дека Атлетико престанува со летните трансфери.

Молина пристигна од Удинезе, а покрај него Атлетико се засили со Самуел Лино и Аксел Витсел.

Летово си заминаа Луис Суарез, Шиме Вршаљко и Хектор Ерера.

„Овој трансфер е последното парче од сложувалката. Повторувам посебно за новинарите дека ова е последниот играч што го баравме“, изјави Серезо, отфрлајќи ги шпекулациите за трансфер на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Слични содржини