Актуелно
Почетна / Спорт / Атлетико откри кои играчи се заразени со корона

Атлетико откри кои играчи се заразени со корона

Членот на хрватската фудбалска репрезентација, Симе Вршаљко, е позитивен за коронавирусот, објави шпанскиот весник „Марка“.

Неговиот клуб Атлетико Мадрид во неделата откри дека двајца играчи се позитивни на вирусот, а другиот играч е Анхел Кореја, што секако е голем удар за „јорганџиите“ пред четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Лајпциг.

Според неофицијалните информации, двајцата играчи се изолирани и без симптоми. Останатите од тимот исто така биле тестиран и сите играчи се негативни.

Тимот ќе тренира уште еднаш пред утрешниот лет за Лисабон. Тие се очекува да играат во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг в четврток.

loading...