Атрактивна водителка призна: Завршивме дома кај Роналдо со шампањ

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо се наоѓа во стабилен брак со Георгина Родригез, а иако меѓу нив се изгледа идилично, приказната на атрактивна американска новинарка открива дека не е се како што изгледа.

Алисон Екман е популарна американска новинарка, со многу атрактивен изглед, а ја откри приказната како Португалецот се обидел да ја заведе кога заедно работеле на една кампања.

„Го запознав кога бев домаќин на неговото претставување на парфемот. Почнавме да разговараме на забава, а тој ме повика на пијалок. „Не, нема шанси, утре морам да работам“, му реков, а моите пријатели почнаа да убедуваа да прифатам. „Ќе се согласам, но твојот возач доколку ме однесе дома кога ќе посакам“, му реков, по што тој се согласи со тоа“, открила Алисон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aly Eckmann (@alyeckmann)

Кога забавата завршила, некои од нив, меѓу кои и Алисон, ја продолжиле забавата во вилата на Роналдо.

„Се поделивме, мојот пријател отиде со него, јас отидов со неговиот менаџер. Завршивме кај него дома, со неколку чаши шампањ. Останавме заедно до три часот наутро, па отидов дома. Тоа е тоа, ништо не се случи“ открила новинарката.

Сепак, Роналдо не се откажал само така и инсистирал на нејзиниот телефонски број.

„Ми го побара телефонскиот број и се допишувавме околу еден месец. Беше многу едноставно, прашатата од типот што правиш и одговор сега сум на работа. Толку беше. Можеби очекуваше самата да се поканам во неговата вила, но јас не идам по куќи на познати луѓе и не спијам со нив само затоа што се познати“, изјавила Екман.

Слични содржини