Ацевски: Дел од луѓето во „Обнова за Македонија“ се истите кои беа дел од власта на Груевски

од Aleksandar Todeski

Дел од луѓето кои ја прават „Обнова за Македонија“ се истите политички актери кои беа дел од власта на Груевски, вели пратеникот од СДСМ Костадин Ацевски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Според него, опозицијата се радува за недобивањето датум за преговори, ги кочи реформските процес и не сака да го донесат законот за јавно обвинителство.

„Сите релевантни фактори кажаа дека заслужуваме датум за преговори, дури и Макрон, само Мицкоски кажа дека дека Франција е во право“, рече Ацевски.

Тој вели дека случајот „Рекет“ си се процесуира и тој не е причина за недонесувањето на закон за јавно обвинитлество, туку како што претходно рече, опозицијата која не прифаќа ништо, иако во Предлог-законот била дадена можноста тие да бираат јавен обвинител.

„Ако сме за правда ќе го поддржиме прелог законот. ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали се за процесуирање на случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство“, рече Ацевски.

 

Слични содржини