Ацевски: Финансирањето на партиите треба да го прави ДИК, а не Заводот за ревизија

од Viktor Jovanov

Новоизбраниот директор на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски, во интервју за емисијата Топ тема изјави дека е лоша идејата заводот за ревизија да ги следи политичките партии во однос на финансирањето за време и по завршување на изборните кампањи. Ацевски смета дека треба да примени праксата од европските земји каде оваа работа ја вршат државните изборни комисии. Тој вели дека ќе бидат потребни дополнителни човечки ресурси и финансии за да се оствари оваа ревизија на партиите и дополнителна ревизија на јавните расходи.

-Воопшто не сме среќни што треба да се ревидираат политичките партии, тоа не е пракса во европските земји. Но, сепак значи дека државата има доволно доверба во оваа институција да ги ревидира финансиите на политичките партии. Интензивно се подготвуваат измени на изборниот законик во мин за правда каде учествува преставник на државниот завод за ревизија. Од една страна сум задоволен тоа што го прифативме, но сум и загрижен што е дадена оваа обврска на заводот за ревизија. Потребен е дополнителен ангажаман, човечки ресурси, тука е загриженоста. Исто така треба дополнително време. 50 отсто од ресурсите на државниот завод за ревизија ќе бидат ангажиран во ревизија на самите политички партии односно користење на средствата за време на политичката кампања. А дополнително треба да се врши ревизија и на јавните расходи, вели Ацевски.

Првиот човек на Државниот завод за ревизија вели дека од понеделник ќе следат интензивни разговори со министерството за финансии околу одвојување на средства за зголемување на капацитетите на оваа институција.

-Денеска имав координација со помошникот главен ревизор, дадов одредени насоки. Во понеделник ќе се сретнам со министерката за правда, а потоа следуваат интезивни преговори со министерството за финансии. Доколку сакаме да постигнеме се што е зацртано, потребни ни се дополнителни човечки ресурси. Се создаваат две барања, поголема вклученост на заводот за политичките партии, а од друга страна ревизија на јавните расходи, овие две работи не одат едно со друго. Би бил пресреќен да се искористи искуството на другите европски земји, ревиизијата на европските партии да не биде во надлежност на државниот завод за ревизија туку на ДИК,вели Ацевски.

Тој смета дека одлуката Државниот завод за ревизија да ги разгледува финансиските извештаи на партиите ќе биде дополнителен терет и за самите партии.

-Се создаваат дополнителни обврски за самите политички партии. Потпишување на поголем број на финансиски извештаи кои самите политички партии треба да ги продуцираат. За првите 10 дена, по завршување на изборната кампања, на единаесетиот ден партијата треба да направи финансиски извештај со 3 образци, еден образец за донациите, потоа за земените кредити, и за расходите. Потоа треба втор финансиски извештај да се подготви за вториот дел од кампањата, а доколку има втор круг од изборите доколку станува збор за претседателски или локални избори, партиите треба да изнесат и трет извештај, вели Ацевски.

Слични содржини