Audi Activesphere concept

од Vladimir Zorba

Audi веќе претстави три концепти од серијата Sphere, додека сега пред нас е четвртиот наречен Activesphere концепт.

Поточно, концептот Activesphere ја виде светлината на денот како дел од „Прославата на напредокот“ на Audi, истакнувајќи дека комбинира „екстремна елеганција со импресивни перформанси и импресивна, пионерска функционалност“.

Audi вели дека новиот концепт автомобил е израз на „крајната слобода“ за луѓето кои уживаат на отворено. „Без разлика дали се работи за спортови на вода, скијање, голф или предизвикувачки планински патишта – концептот Activesphere нуди врвна варијабилност за сите активности.

„Додека концептниот автомобил комбинира исклучителна елеганција со извонредни перформанси надвор од патот, неговата комуникациска технологија создава уникатно искуство“, нагласува Audi.

Activesphere е најавен како концепт автомобил од следната генерација, со електричен погон и можности за автономно возење на ниво 4.

Студијата доаѓа во форма на робустен, теренски кросовер и според најавите, дава исклучителни можности да им се овозможи на возачите да имаат поактивен животен стил.

Според тоа, концептот Activesphere е најновото дополнување на концептната линија на следната генерација на Audi, која првично беше претставена како трио автомобили составени од спортското купе Skysphere, MPV Urbansphere и луксузната лимузина Grandsphere.

Концептот Activesphere има подигната положба и голем сет на тркала, во контраст со елегантно тело и тесни, остро дизајнирани фарови.

Сите четири концепти се преполни со технологии од следната генерација, вклучувајќи способности за автономно возење на ниво 4 и креативни решенија за подобрување на практичноста, релаксацијата и одржливоста.

Слични содржини