Audi предлага ограничување на брзината на аутобан од 200 km/h

од Vladimir Zorba

Германија е единствената земја без општо ограничување на брзината на автопатите (аутобан), а новата мерка се најавува како компромисно решение поради економската криза предизвикана од војната во Украина.

Маркус Дузман, шеф на Audi, предлага мерки за намалување на потрошувачката на гориво поради актуелната криза, кои би вклучиле денови без автомобили и ограничување на брзината во сегашната криза.

– За подобро да се прилагодиме на ситуацијата и потребата од заштеди во Германија, би можеле уште еднаш да воведеме денови без автомобили, како во 1970-тите. Ограничувањето на брзината на аутобан од 200 км/ч исто така може да биде корисно, изјави тој за „Зидојче Цајтунг“.

Германската асоцијација на автомобилската индустрија (ВДА), на која припаѓа и Audi, има поинакво мислење: – Ги отфрламе забраните за возење како реакција на растот на цените на енергијата, како во 1970-тите, изјави нивната претседателка Хилдегард Милер. Самите луѓе би знаеле да штедат мудро. „Возачкото однесување веќе се разви соодветно во последните месеци. Дополнително, треба да се продолжи со работа на ситуациско регулирање на брзината. Важно е „да се промовира лична одговорност наместо да се одвраќа со забрани и инструкции“.

Предлогот за ограничување на брзината на аутобан од 200 км/ч се заснова на препорака додадена во август 2022 година од Државното обвинителство во Наумбург со запирање на постапката против возачот кој беше снимен како управува со автомобил Bugatti Chiron со брзина од 417 km/h на Autobahn A2. Ова е исто така компромисен предлог бидејќи ADAC, германскиот национален автомобилски клуб, предлага ограничување на брзината од 130 km/h, а Партијата на зелените предлага ограничување на брзината од 120 km/h.

Слични содржини