Почетна / Vlatko K

Vlatko K

Рохани нареди Иран да ги укине сите ограничувања за нуклеарни истражувања и развој

Иранскиот претседател Хасан Рохани објави дека наредил прекин на сите ограничувања во нуклеарни истражувања и развој на оваа технологија во земјата. – На (иранската) Организација за атомска енергија и е наредено да ги преземе сите неопходни истражувања и чекори во развојот и да ги напушти сите преземени обврски на тоа …

Повеќе

Долниот дом го донесе законот за блокирање на Брегзит без договор

Пратениците од Долниот дом синоќа го усвоија второто читање на законот со кој се блокира излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври без договор, јави Би-Би-Си.Документот беше поддржан од 329 пратеници со 300 против. Како што се очекуваше, мнозинството пратеници од опозицијата гласаа за, како и повеќе од 20 конзервативци кои …

Повеќе

Веќе 20 жртви на Доријан на Бахамите

Најмалку 20 лица загинаа како резултат на ураганот Доријан , кој го погоди Бахамите, објави Мајами Хералд, повикувајќи се на министерот за здравство во земјата. Точниот број на загинати е сè уште непознат, бидејќи спасувачките екипи сè уште ги расчистуваат остатоците од уништувањето предизвикано од катастрофата.   Претходно, седум лица беа …

Повеќе

Несудената зграда на Судот во Кавадарци: ругло, наместо најубава судска палата во државата

Ругло на градот, велат за објектот што пред околу половина век требало да ја претставува најубавата судска палата во државата. Каменото здание со години ја разгорува љубопитноста, ги дочекува и ги испраќа посетителите во Кавадарци. Таму немало ни улица, а никнал објект како џин По трагите на една вистинска приказна, …

Повеќе

Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Точно десет години се навршуваат денеска од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија. На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на …

Повеќе

Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска

Во фоајето на кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска во издание на „ПНВ Публикации“. Книгата ќе ја претставИ  проф. Димитар Пандев, а стихови ќе чита авторката во придружба на Ема Величковска, балерина и современа танчарка. Наташа Сарџоска има објавено голем …

Повеќе

Албанскиот претседател пред Анкетната комисија на 9 септември

Албанскиот претседател Илир Мета на 9 септември во 10 часот ќе се соочи со парламентарната анкетна комисија,која ги испитува неговите наводни прекршувања на Уставот. Поканата, потпишана од претседателот на комисијата Улси Мања, до Мета е доставена вчера доцна попладне. Тој е само еден од повеќето сведоци кои комисјата ќе ги …

Повеќе

Предметите на СЈО се селат во ЈО

На 10 дена пред истекот на мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, предметите од СЈО со нејзино полномошно се селат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Судија на претходна постапка од Основниот кривичен …

Повеќе

Италија денеска добива нова влада

Во Рим денеска ќе стапи на должност новата италијанска Влада на чело со досегашниот премиер Џузепе Конте. Инаугурацијата на владата ќе се оддржи претпладнево во претседателската палата, јавуваат британските медиуми. Новата влада ќе ја сочинуваат Движењето пет ѕвезди, членка на досегашната владеачка коалиција, и опозициската Демократска партија. Формирањето на новата …

Повеќе

Сончево уште денеска, од утре попладне дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде уште денеска, а веќе од утре и за време на викендот во попладневните часови ќе преовладува облачно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура денеска се движи од седум до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени. УВ-индексот …

Повеќе