Актуелно
Почетна / Култура / Авалон: Универзална сала треба да остане на исто место, со намален капацитет на 1000 места

Авалон: Универзална сала треба да остане на исто место, со намален капацитет на 1000 места

Универзална сала треба да остане на исто место, реставрирана, со намален капацитет на 1000 места, велат од Авалон продукција.

-Универзална сала треба да остане на исто место, реставрирана, со намален капацитет на 1000 места (од постоечките 1572), зошто внатрешно модернизирана може да биде само со смален капацитет! И, околината не може да прими и испрати сала со поголем капацитет на тоа место.Ова го кажува професионалец кој ги работел од Словенија до Софија сите сали од тој тип: Сава Центар, Цанкарјев дом, Лисински, НДК- Софија. И како таква ем ќе врши работа, ем ќе може во ходниците да биде музеј!Не треба многу големи пари да се дадат за неа, реално.Големите пари треба да се дадат за нова сала, 3000 капацитет, седење, со нова локација.Вин Вин ситуација.Универзална е културното срце на Македонија и нејзин нестанок е креативно злосторство, стои во нивниот пост на Фејсбук.

loading...