Спасувачите денеска се обидуваат да им помогнат на настраданите од земјотресот во Авганистан, во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе, но пристапот до загрозените е отежнат поради недостаток на ресурси, планинскиот терен и обилните врнежи од дожд.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала вчера рано утрото го погоди оддалеченото рурално подрачје на Авганистан, на границата со Пакистан.
Најмалку илјада луѓе загинаа, а 1.500 се повредени во најзагрозената провинција Пактика, соопштија властите.
Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем бидејќи многумина останаа заробени под урнатините.