Авганистан: Ракетирана сала за време на верска церемонија, 16 деца повредени

од Vladimir Zorba

Најмалку 16 деца се повредени денеска кога ракета погоди комплекс во источната авганистанска провинција Кунар за време на верска церемонија, соопштија локалните власти, обвинувајќи ги талибанските бунтовници за нападот.

Гувернерот на Кунар, Икбал Сајед, рече дека ракетата ја погодила салата на комплексот додека се одржувал натпреварот во рецитирање на Куранот.

„Најмалку 16 деца, тројца припадници на авганистанските безбедносни сили и верски службеници беа повредени“, рече Сајед и додаде дека некои деца се во критична состојба.

Талибанците соопштија дека знаеле за инцидентот и дека го испитуваат.

Слични содржини