Авганистан: Вакцини против ковид 19 изгореа во пожар, се обвинуваат талибански бунтовници

од Stefanija Kuzmanovska

Официјални лица од Авганистан ги обвинија талибанските бунтовници дека целеле на болница во провинцијата Кунар со намера да предизвикаат пожар и успеале во тоа.

Подметнување пожар предизвика голема штета, илјадници вакцини против ковид-19 и други болести беа уништени. Портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид ја негираше одговорноста на талибанците за нападот врз болница во таа источна авганистанска провинција.

„Различни видови на вакцини, вклучувајќи дози наменети за борба против детска парализа и ковид-19, беа уништени во пожарот“, рече здравствениот службеник во провинцијата Кунар, Азиз Сафаи. Сепак, тој не пријави жртви во нападот.

 

Слични содржини