Авганистан: Во напад на талибанци убиени најмалку 15 војници

од Aleksandar Petrovski

Талибански милитанти нападнаа контролен пункт на владини сили во покраината Балк на север во Авганистан при што убија најмалку 15 припадници на силите за безбедност. Тоа го соопштија локални официјални лица.

Мохамед Јусуф гувернер на областа Давлатабад каде се случи нападот изјави дека десетици талибанци нападнале контролен пункт за кој биле задолжени војници и рзаузнавачи и во нападот загинале 15 лица.

Во соопштение од авганистанското МО се наведува дека во нападот загинале седум војници.

Талибанците соопштија дека убиле најмалку 20  авганистански војници, шест се ранети и четворица се заробени.

Слични содржини