Авганистанската новинарка која ги интервјуираше Талибанците избега од земјата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Авганистанката Бехешта Арганд влезе во историјата во таа земја откако во живо интервјуираше висок функционер на Талибанците.

Нивниот разговор го обиколи светот, а потоа таа избега од земјата бидејќи беше загрижена за нејзината безбедност.

Арганд за Би -Би -Си изјави дека речиси сите новинари на ТВ Толо ја напуштиле земјата.

На прашањето како се чувствувала кога треба да ја напушти својата земја, таа одговорила со треперлив глас.

„Многу сум тажна. Ми недостасува работата, ми недостасува земјата. Ако Талибанците ги исполнат своите ветувања и ги почитуваат нашите права, би се вратила во земјата“, рече таа.

Слични содржини