Авганистанци ќе се згрижат привремено во хотели во земјава – трошоците ќе ги платат Американците и меѓународни организации

од Vladimir Zorba

Бегалците кои ќе пристигнат во земјава не се Талибанци ниту терористи, туку напротив – луѓе кои бегаат од своите домови под закана од теророт на Талибанците. Меѓу нив се хуманитарни работници, граѓански активисти, интелектуалци, новинари, преведувачи и нивни семејства, деца и сопружници.

Нема да има бегалски кампови, ниту пак мигрантска криза, брифираат од Владата. Неколкуте стотини Авганистанци ќе бидат згрижени во неколку македонски хотели, а трошоците за нивното сместување и престој ќе ги плати целосно американската влада и неколку меѓународни организации.

Македонската влада апелираше граѓаните да не потпаѓаат под влијание на лажни вести за наводни бегалски кампови и илјадници бегалци – исти како оние пред неколку години дека во земјава ќе се доселат 5 милиони Африканци.

Инаку, македонската влада беше меѓу првите во светот што се одѕваа на повикот за помош за згрижување на овие лица, за што доби отворени пофалби од американската влада, од угледната НДИ, како и од поранешни и сегашни истакнати американски дипломати. Потоа, повеќе од 70 влади од светот се приклучија кон овој повик за помош.

Слични содржини