АВГАНИСТАНЦИ ПАДНАА ОД АВИОН ВО ЛЕТ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Откако вчера Талибанците влегоа во Кабул и официјално ја презедоа власта во Авганистан, настана хаос на аеродромот во главниот град.

Додека беа организирани летови за дипломати што се евакуираат од Авганистан, сите комерцијални летови од Кабул беа откажани.

И покрај ова, илјадници цивили се обидуваат да најдат начин да избегаат од земјата.

Големината на хаосот ја покажува видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како тројца Авганистанци се кријат покрај гума или под крилата на американски авион во обид да избегаат од земјата.

Тие паднале од авионот откако авионот полетал.

Слични содржини