Авион од Милано утре слетува во Охрид, патниците прво на проверка кај епидемиолози

од Aleksandar Todeski

Авион со патници од Милано, град кој се наоѓа во ризичните делови на Италија, утре ќе слета на охридскиот аеродром.

На аеродромот пак, сѐ уште нема поставено термална камера, па сите патници кои ќе слетаат ќе бидат прегледани со бесконтатен пиштол за мерење на телесната температура, а ќе бидат и анкетирани од епидемилозите кои вршат мониторинг на аеродромот во Охрид.

Од охридскиот центар за јавно здравје смируваат дека контролите се доволни, додвајаќи дека сите патници до сега соработувле со тимот епидемиолози.

На Меѓународниот аеродром Скопје пак, термалната камера е наместена на место каде што ги опфаќа сите патници кои слетуваат како од земјите кои се сметаат за ризични, така и од сите останати земји.

Слични содржини