Авион од Скопје пристигнал во Финска со 24 патници позитивни на коронавирус

од Nikola Popovski

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји со висок ризик, изјавил надлежниот министер во понеделникот, откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје во Финска, биле позитивни на Ковид-19, објави Ројтерс.

Случајното тестирање било организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаале со летот од Скопје, откако властите истражиле дека два авионски летови од Северна Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска, изјавила министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Киуру пред новинарите.

„Бројот на нови инфекции претежно доаѓа од Балканот“, изјавила Киуру осврнувајќи се на неодамнешниот пораст на инфекции во Финска.

Задолжителниот двонеделен карантин и можниот случаен тест за коронавирус по пристигнувањето во Финска ќе бидат применливи за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, соопштија властите.

Во моментов, правилото важи за повеќе земји, со исклучок на 25 земји како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка каде бројките на новозаразени остануваат ниски.

Минатата недела, новите инфекции со коронавирус во Финска биле околу 2,3 на 100,000 жители во текот на последните 7 дена, со вкупно 7.601 заразени и 333 смртни случаи потврдени до понеделник.

Слични содржини