Авион падна на вулкан, загинаа сите патници: Страшни сцени на Филипините (ФОТО)

од Radmila Tasevska

Авион се урна на вулкан на Филипините за време на викендот, при што загинаа сите патници.

Телата на пилотот Руфино Џејмс Кризостом Јуниор, членот на екипажот Џоел Мартин и австралиските технички консултанти Сајмон Чиперфилд и Карти Сантанам се пронајдени на вулканот Маунт Мајон и тимот работел на нивно пронаоѓање, објави Си-Ен-Ен.

Цесна 340 со шест седишта се движеше кон главниот град Манила кога изгуби контакт со контролата на летање откако го напушти меѓународниот аеродром Бикол во провинцијата Албај во саботата, соопшти управата за цивилно воздухопловство на Филипините (CAAP).

Слични содржини