Авион со 4 патници се урна во седиште на компанија во Конектикат

од Nikola Popovski

Мал авион се урнал во четвртокот наутро во зградата на компанијата „Трампф“ во Фармингтон, САД кратко време по полетувањето од блискиот аеродром, соопшти локалната полиција.

Властите информират дека авионот се урнал во земјата пред да удри во зградата на 111 Хајд Ри, седиштето во САД на компанијата „Трампф“, индустриска компанија за производство на машини.

Зградата се наоѓа на километар од аеродромот Робертсон во Плејнвил. Официјални лица на Федералната управа за авијација изјавија за „WTNH и WTIC-TV“ дека четири лица биле во авионот, кој требало да се упати кон регионалниот аеродром во округот Дер во Северна Каролина, кога се урнал.

Слични содржини