Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство ќе помага во гаснење на пожарите

од Vladimir Zorba

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во земјава и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари. Авионот ќе дејствува во беровскиот регион, соопштија од Министерството за одбрана.

„За помалку од 24 часа пристигна воениот авион C 27 Spartan од Романија. НАТО сојузниците реагираат брзо и ефикасно!“, посочи пак министерката Радмила Шекеринска.

Слични содржини