АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Две лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа во авионска несреќа што се случи утрово во областа Илија, северо-источно од градот Пиргос во Грција.

Според страницата enikos.gr, едномоторен авион на локалниот воздушен клуб се урнал под неразјаснети околности.

Авионот паднал во селото Харија во близина на станбена зграда, а телата на патниците биле јагленисани.

Пожарникарите излегоа на местото на несреќата, а причините за падот допрва треба да се утврдат.

Слични содржини