Аврамовска-Мадиќ: СДСМ е за една изборна единица

од Nikola Popovski

За да пристапиме кон сериозна реформа, не треба да зборуваме само за една изборна единица и за намалување на пратеници, туку треба да дискутираме за пошироки аномалии во Изборниот законик. Треба да ги видиме препораките на ОБСЕ за моментот за пристапување за промени на изборен законик ден пред избори. Него треба да го менуваме постепено во ефикасна процедура. Уште пред 2 години СДСМ кажа дека е за една изборна единица, рече пратеничката од СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

Според неа, партијата се уште не може конкретно да каже колкав ќе биде изборниот праг.

-Треба да се направат анализи, предлози кои се негативните и позитивните страни од тој праг, како таква голема реформа. Тоа ќе биде долг и поширок процес. Внатре во партијата немаме отворена дебата околу ова, истакна Мадиќ во дебатата на Тв Телма околу една изборна единица.

Слични содржини