Австралија нема да ги затвори рудниците за јаглен

од Milan1

Австралија денеска соопшти дека ќе продава јаглен, откако се откажа од пактот за постепено укинување на загадувачките фосилни горива за да се запрат катастрофалните климатски промени, јави Бгнес.

Повеќе од 40 земји, за време на климатскиот самит на ОН КОП26 во Глазгов, ветија дека наредните децении ќе ја укинат употребата на јаглен. Самитот се одржува со цел да се ограничи глобалното затоплување на Земјата од индустриската револуција на 1,5-2,0 степени Целзиусови.

Австралија, заедно со некои други големи корисници на јаглен, како што се Кина и САД, не се приклучија.

– Многу јасно кажавме дека нема да затвораме рудници за јаглен и нема да затвораме електрани на јаглен,ко не сме ние да го освоиме тој пазар, некој друг ќе го освои. Претпочитам тоа да биде да бидам висококвалитетен австралиски производ кој обезбедува австралиски работни места и ја гради австралиската економија отколку да доаѓа од Индонезија, Русија или од друго место, изјави австралискиот министер за ресурси Кит Пит за националната телевизија Еј-Би-Си.

Во одбрана на одлуката на Австралија, Пит рече дека Австралија има еден од најквалитетниот јаглен во светот.

Австралија е еден од најголемите производители на јаглен и природен гас во светот, но во последниве години страда и од се поекстремни суши, поплави и пожари предизвикани од климата.

Минатиот месец, владата на премиерот Скот Морисон постави цел за нула нето емисии до 2050 година, но планот беше критикуван поради недостиг на детали и затоа што многу се потпира на сè уште непознати технолошки откритија.

Австралискиот совет за минерали, кој ги претставува големите рударски компании како што се БХП и Рио Тинто, соопшти дека целта за 2050 година може да се постигне преку значителни инвестиции во технологијата.

Пит рече дека околу 300.000 работни места во Австралија зависат од секторот за јаглен. Самиот совет за минерали тврди дека индустријата за јаглен директно вработува 50.000 работници и одржува уште 120.000 работни места.

Слични содржини