Австралија погодена од делта сојот: Карантин во Сиднеј, ограничувањата низ целата земја повторно во сила

од Vladimir Zorba

Австралискиот кризен штаб денес ќе одржи итен состанок поради ширење на многу заразниот делта вид на коронавирусот низ целата земја. Поради новиот епидемиски бран, австралиските власти беа принудени да воведат „локдаун“ во Сиднеј и повторно да воведат рестриктивни мерки во другите делови на земјата.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека 18 од вкупно 25 милиони Австралијци, или 70 проценти од населението, се под некаква форма на анти-епидемиолошки ограничувања во скоро сите делови на Австралија.

Австралискиот министер за финансии Џош Фрајденберг предупреди денеска дека границите на Австралија ќе бидат отворени само ако е безбедна и ако тоа го дозволат медицински експерти.

-Влегуваме во нова фаза на пандемија со ширење на заразна, делта варијанта на вирусот. Австралија се соочува со критична ситуација, рече Фрајденберг и најави дека Кризниот штаб, со кој претседава австралискиот премиер Скот Морисон, денес ќе биде информиран за епидемиолошката состојба од главниот медицински советник на владата.

Двонеделна блокада беше воведена минатиот викенд во Сиднеј, најнаселениот австралиски град во кој живее скоро петтина од вкупното население на Австралија.

– Мораме да бидеме подготвени дека бројот на новоинфицирани лица ќе порасне, дека значително ќе порасне, предупреди премиерот на државата Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, пред новинарите во главниот град на таа држава, Сиднеј.

Ограничувањата се повторно воведени во Квинсленд, Западна Австралија и Викторија и во главните градови на тие држави, Бризбејн, Перт и Мелбурн, како и во главниот град на Австралија, Канбера.

Слични содржини