Австралија прави спреј за нос против корона

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската биотехнолошка компанија „Ена Респиратори“ објави дека спрејот за нос што го развиваат за да го подобрат човечкиот имунолошки систем во борбата против настинката и грипот значително го намалил растот на коронавирусот, пренесе  „Нова.рс“.

Како што беше објавено, тоа е утврдено во неодамнешна студија на животни.

Студија, предводена од Агенцијата за јавно здравје на Англија, спроведена врз творови, покажа дека производот наречен Inna-051, кој може да се користи како додаток на вакцините, го намалува нивото на вирусот кој предизвикува Ковид 19 и до 96 проценти.

Компанијата соопшти дека ќе биде подготвена да го тестира Inna-51 на луѓе за помалку од четири месеци, откако ќе добие регулаторно одобрување.

Инвестирани се 8,24 милиони долари за развој на спрејот.

loading...

Слични содржини