Австралиските власти најавија продолжување на локдаунот

од Берта Китинска

Скоро половина од 25 милиони жители на Австралија се заробени во своите домови, вклучувајќи го и Сиднеј, најголемиот град во земјата, поради ширењето на делта сојот.

Австралиските власти денес објавија дека во државата Викторија ќе биде продолжен локдаунот поради „ковид-19“.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека локдаунот нема да биде укинат, бидејќи сè уште има нови случаи на делта сојот на „ковид-19“, пренесува „Ројтерс“.

Во државата Викторија, втора по бројност во Австралија, чиј главен град е Мелбурн, денес беа потврдени 13 локални случаи на инфекција, три помалку од претходниот ден.

Државата Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, информираше дека има 98 нови инфицирани случаи.

Слични содржини