Австрија ги олесна мерките: Огромни редици пред продавниците и фризерниците (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Австриските фризерски салони беа отворени откако владата делумно го олесни третиот локдаун, но предуслов за нова фризура е негативен тест за коронавирус.

По месец и половина се отворија продавниците, музеите и училиштата, а студентите мора да бидат тестирани двапати неделно, ако сакаат да присуствуваат на час.

Зголемената побарувачка за тестирање била видлива на контролните пунктови во Виена. Дури и неодамна отворениот центар за тестирање во познатата палата Шенбрун воведе нови боксови за тестирање, со кои беше предвидено дека ќе се зголеми бројот на лица што сакаат да се вакцинираат.

Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер изјави: „Од една страна, се чувствувам олеснето што можам повторно да работам, но во исто време задолжителна пречка се задолжителните тестови, кои некои клиенти не ги прифаќаат добро“.

Соседна Словенија го воведе истото правило, но тоа не е широко прифатено во другите европски земји.

Слични содржини