Австрија ја зголемува безбедноста во црквите поради нападот во Виена

од Stefanija Kuzmanovska

Австрија воведува строги безбедносни мерки во црквите од страв од повторување на нападот на почетокот на овој месец кога исламист уби четири лица во Виена, и за кој се претпоставува дека му биле цел места за богослужба, рече во четвртокот министерот за внатрешни работи.

Дваесетгодишникот, роден и израснат во Виена, беше убиен откако пукаше кон минувачите и гостите на баровите на 2 ноември. Австрија истражува 21 лице, вклучително и десет приведени, во врска со нападот, пренесува Хина.

„Врз основа на истрагата, не може да се исклучи дека напаѓачот планирал да напаѓа луѓе во црквите“, рече министерот Карл Нехамер.

„Затоа, од денес, ќе ја зајакнеме безбедноста на црковните згради“, додаде тој.

Слични содржини