Австрија пред проблем од Нова година: Нема доволно работна сила

од Nikola Popovski

Следната година, работоспособното население во Австрија ќе опадне за прв пат, што ќе донесе проблеми на пазарот на трудот

И покрај имиграцијата од странство, за економијата станува се потешко да најде соодветен кадар.

Генерацијата „бејби бум“ почна да се пензионира.

За прв пат од 1945 година, бројот на луѓе на возраст од 15 до 64 години во работоспособна возраст ќе опадне во Австрија.

Во таа возрасна група моментално има околу 5,9 милиони. Следната година тој број ќе се намали за само 5.900, но тоа е пресврт на трендот, посочува Институтот за економски истражувања, пренесува Танјуг.

Во исто време, бројот на оние што имаат работа и оние што ја бараат се зголемува на околу 4,5 милиони луѓе, пред се поради зголемената стапка на вработеност на жените, но и реформата на пензискиот систем што ги тера мажите да работат подолго.

Потребата за дополнителна работна сила од странство е покриена преку имиграција многу години.

Пред пандемијата, околу 50.000 странци беа вработени во австриските компании секоја година.

Сепак, пандемијата во 2020 година го намали тој број за 22.000. Институтот посочува дека ситуацијата на пазарот на трудот во 2024 година ќе се подобри, на одреден начин, со стапување во сила на реформата на пензискиот систем, според која се зголемува возрасната граница за пензионирање на жените.

Слични содржини