Австрија се понуди да донира вакцини на Македонија

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Беким Сали штотуку оствари конструктивна средба со аташето за труд и социјала на Р. Австрија во нашата држава, г. Харалд Фугер.

На средбата се разговарало за важноста и бенефитите од имунизацијата, како и за активностите во овој сегмент кои се во тек.

-Оваа средба е во насока на размена на искуства, кои се драгоцени особено во овој сегмент, а притоа беше понудена и помош за донирање вакцини при евентуална потреба, соопштија од Министерството за здравство.

Слични содржини