Австрија: Воз удри во училишен автобус

од Stefanija Kuzmanovska

Во близина на градот Пфлах во провинцијата Тирол утринава се случи тешка несреќа во која товарен воз удри во училишен автобус, а во сударот се повредени возачот на автобусот и две деца.

Судирот меѓу возот и автобусот се случил на премин на пруга, кој не бил обезбеден со рампа.

Портпаролот на Австриските железници (OeBB) Кристоф Гасер-Ејер изјави за јавниот радиодифузен сервис ORF дека сигнализацијата јасно укажува на железнички сообраќај.

Слични содржини