Австријците работат со полна пареа на вакцина: Од крвна плазма на излечени пациенти ќе направат лек, еве како

од Aleksandar Petrovski

Во Виена со помош на фармацевстката компанија „Такеда“ забрзано се работи на развој на вакцина против коронавирус.

Вакцината е направена со употреба на антитела од крвната плазма, а благодарение на еден донор на плазма оваа недела започна развојот на терапијата против Ковид-19.

„Бараме пациенти кои целосно ја излечиле инфекцијата да ја донираат плазмата. Од плазмата низ „фракцијата“ ќе направиме концентриран раствор на антитела. Болните пациенти треба да ги добијат тие концентрирани антитела“, објасни вирологот и раководител во „Такеда“, Томас Крајл.
Компанијата очекува да ја развие потребната вакцина оваа година.

Такеда во Виена произведува 25 различни лекови, од кои 17 се базираат на крвна плазма.

Слични содржини