Австрискиот министер за здравство поднесе оставка: Исцрпен сум поради пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер од Зелените, партија која е помлад партнер во коалицијата предводена од конзервативците, изјави дека поднесува оставка затоа што е исцрпен поради пандемијата на коронавирусот.

Тој навел дека поради тоа има последици по здравјето.

„Не сакам да се уништам себеси“, рече 60-годишниот Аншобер во изјава за медиумите.

Министерот изјави дека неодамна имал проблеми со висок крвен притисок и истоштеност.

loading...

Слични содржини