Австриските власти со нови детали: Фејзулаи добил СМС порака која погрешно ја разбрал, па затоа го променил планот за нападот

од Nikola Popovski

Австриските власти продолжуваат со истрагата по терористичкиот напад во Виена, во кој настрадаа најмалку четири лица, а повеќе од 20 беа повредени.

Како што наведува австрискиот портал „Кроне“, непосредно пред терористичкиот напад, напаѓачот Кујтим Фејзулаи примил СМС порака после која тргнал и го извршил нападот. Пораката му била испратена од страна на мобилниот оператор, како резултат на неговиот повик два дена порано, на 31. октомври. Тој испратил автоматски повик кон полицијата поради грабеж во подрумот на неговата зграда.

Два дена откако ја повикал полицијата, Кујтим Фејзулаи во 16.36 часот добил известување: „Вашиот број е лоциран на 31.10 во 14.46 часот и сите податоци проследени се во главната полициска управа на покраината Виена“. Пораката очигледно се однесувала на неговиот повик од 31 октомври, но тој веројатно се испаничил зошто ја поврзал со претходното купување на оружје, пишува „Кронен цајтунг“.

Пораката можеби не е причина за нападот, но според „Кронен цајтунг“, може да има големо влијание, односно да биде предизвикувач за нападот. Истрагата наведува на заклучок дека Кујтим Фејзулаи го подготвувал нападот, но датумот не му бил одреден.

Фејзулаху по извршување на нападот, бил ликвидиран од полицијата.

Слични содржини