Автобус излетал од патот во Перу, најмалку 24 лица загинале

од Vladimir Zorba

Најмалку 24 лица загинаа во автобуска несреќа во северниот дел на Перу, соопштија официјални лица. Во автобусот кој излетал од патот имало 60 патници, објави Ројтерс.

Полицијата не соопшти колку лица се повредени во несреќата. Автобусот излетал од патот во планинската област Ел Алто на крајниот север на земјата.

Причините за несреќата се истражуваат, а според првичните податоци автобусот неодамна поминал на безбедносна проверка.

Слични содржини