Автобус од Приштина се судрил со камион во Бугарија (ВИДЕО)

од Milan1

Автобус на Шеро Турс од Приштина се судрил со камион во Бугарија, објави бугарскиот портал Струма. Во судирот бил повреден возачот на автобусот, додека останатите патници се спасиле од повреди.

Бугарските медиуми објавија фотографии од автобуска несреќа во која учествувале 29 патници од Косово, меѓу кои и шест деца.

Автобус на компанијата „Шеро турс“ утринава околу 04.30 часот удрил во камион кој превезувал дрва.

„Возачот на камионот се обидувал да им сигнализира на другите учесници во сообраќајот дека паднало дрво на коловозот. Автобусот удрил во камионот и камионот излетал од патот“, пишува бугарскиот медиум Струма.

Слични содржини