Автобус со романски таблички се запали во Бугарија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Автобус со романски регистарски таблички се запалил меѓу реоните Гурково и Пчелиново во Бугарија, објавија бугарските медиуми. Според информациите, никој не е повреден, а во автобусот бил само возачот.

На местото на настанот веднаш биле испратени противпожарни екипи. „Превојот на Републиката“ бил привремено затворен за сообраќај. Повикот до тамошното МВР за настанот бил регистриран во 18.40 часот.

Според пожарникарите, автобусот се самозапалил во движење и најверојатно станува збор за техничка неисправност.

Видеото од пожарот можете да го погледнете на следникот ЛИНК.

Слични содржини