Автобус влета на игралиште со деца во Белград, му откажале сопирачките

од Nikola Popovski

На автобусот за јавен превоз на линијата 45, кој предизвика несреќа на улицата Краишка во Земун, Белград кога беа повредени најмалку две деца, наводно му откажале сопирачките, неофицијално дознава српска „Нова“.

Ова се првите, неофицијални резултати од прелиминарната истрага што се занимаваа со состојбата на возилата за јавен превоз.

Според тие наводи, сопирачката заглавила и поради тоа, возачот не можел да го задржи возилото и да го запре пред да ја пробие оградата на игралиштето, каде имало неколку деца. 72-годишниот возач на автобус ја повторил оваа информација во полиција по апсењето. Тој наводно по несреќата го напуштил местото на несреќата, по што бил приведен.

Foto: Ana Paunković

Слични содржини