Автобуси на приватните превозници четврти ден по ред блокираат главни улици во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 200 автобуси на приватните превозници и денеска, четврти ден по ред, продолжуваат да блокираат неколку главни улици во Скопје.

Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за медиумите информира дека во саботата ќе одржи состанок координативното тело на приватните превозници, на кој ќе очекува да одлучат за понатамошните мерки.

Тој потврди дека остануваат на ставот ниту еден превозник да не се јави на јавниот повик од страна на Град Скопје, посочувајќи дека тоа е само обид за разединување и разбивање на единството на приватните превозници.

Приватните превозници бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање поради недостиг на средства.

Слични содржини