Од ЈСП информираат дека од денеска сабота (18.06.2022 год) во вечерните часови до недела (19.06.2022 год) во вечерните часови, возилата од јавниот превоз од/кон Драчево ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

По изменет режим ќе возат линиите 31, 33, 41, 42, 51, 67 и 74.

Во насока кон Драчево, возилата од булевар “Борис Трајковски” ќе вртат лево на семафорите кај Цементара, па по булевар “Србија”, потоа десно по булевар “Дванаесетта македонска бригада” ќе продолжуваат по траса на линија 33 низ село Горно и Долно Лисиче, па оттаму секоја ќе продолжува по својата редовна траса.

Посочениот режим ќе важи и во обратна насока.

Автобусите ќе возат по изменет режим поради градежни зафати на мостот на Маркова река, информираат од ЈСП.

Слични содржини