Автомобил излета од патот, тешко повредено едно лице

од Milan1

Вчера околу 12.00 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци-с.Ресава, Н.П.(66) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „цитроен”, со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на несреќата, информираат од МВР.

Слични содржини